Авион на релација од Бејрут кон Лондон неодамна принудно слета во Истанбул, поради тепачка меѓу патниците, јави „Дејли мејл“.
На снимката на еден од патниците се гледа тепачката помеѓу постар и помлад маж, а потоа и како останатите патници и стјуардесите ги раздвојуваат, пренесе „Дневник.хр“.
Кога биле раздвоени, двајцата мажи биле одвлечени на спротивните краеви на авионот.