Иако сè уште официјално не се вселила во Белата куќа Меланија Трамп има големи планови, судејќи според зборовите на нејзината шминкерка Никол Брил.
Меланија планира една цела соба да ја претвори во студио за убавина во која ќе се разубавува.
– Да, ќе постои една соба во која ќе ја средува косата, шминката и во која ќе стои гардеробата – рекла Никол која со Меланија соработува над 10 години и која ѝ помогнала да го култивира својот изглед во текот на претседателската кампања.
– Меланија сака собата да има најдобро осветлување што е најважно за секој шминкер, а нам работата ќе ни ја направи поинтересна – додала Никол.
Никол открила и колку трае шминкањето на Меланија Трамп, а истакнала дека тоа трае непрекинати час и 15 минути!
– Ако сакате да изгледате беспрекорно цел ден тогаш тоа е минимум време коешто е потребно за шминкање – рекла Никол
Како што вели, наскоро следува состанок на креативниот тим задолжен за изгледот на Меланија Трамп на кој ќе се одлучи како Првата дама ќе изгледа на инаугурацијата.
– Меланија секогаш нè насочува во кој правец сака да ја стилизираме и знае како сака да изгледа. Нам тоа многу ни ја олеснува работата и ние, всушност, само ја реализираме нејзината идеја – заклучила Никол во интервјуто за магазинот „Стајлиш“.