Авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје засега се одвива без поголеми застои.
Според веб страницата на аеродромот, одложено е полетувањето за Истанбул, а одложено е и пристигнувањето на летот од Виена. Утрово не е реализиран и планираниот лет Скопје – Загреб.
Преостанатите предвидени денешни летови се очекува да се реализираан според утврдениот ред на летање.
На Охридскиот аеродром денеска не се предвидени ниту полетувања ниту слетувања.