Иако повеќе од половина година се изработени, но се уште не се пуштени во употреба новите сајтови на судовите ширум земјава. Компјутерскиот систем, кој е сместен во Врховниот суд на РМ кои е надлежен за целата интернет мрежа и АКМИС системот, во сите судови не функционира и не се размислува на долги патеки за развој на платформата, иако досега се потрошени и пари и време, информираат извори од судот.
Алатката пребарување која треба да е во функција на новинарите и нивнте иустражувачки стории не е функционална и не може да се добијат детални податоци како би се согледале и анализирале одредени појави во правосудството.
Дополнителен проблем, вели нашиот извор, за кој веќе подолго време надлежните не можат да најдат решение е исполнувањето на законската обврска сите одлуки во аноминизирана форма да бидат јавно достапни на веб сајтовите на судовите. Доколку интернет сајтовите имаат доволно закупен интернет простор би се надминал овој проблем, но засега тапка во место.
Покрај овие проблеми, компјутерскиот центар што сега е сместен во Врховниот суд на РМ и е надлежен за овие прашања, со години не успеа да ја надмине кризата и со електронската достава до адвокатите, кои се задолжени да имаат електронски сандачиња со цел да се надмине проблемот со доставата.