Почина последниот човек кој одеше по Месечината


Од НАСА соопштија дека починал астронаутот Јуџин Сернан, последниот човек кој одеше по Месечината. Имаше 82 години.

Јуџин Сернан со мисија Аполо 17 слета на Месечината во декември 1972 година.Astronaut Eugene Cernan

Тој беше 12-от Американец кој стапнал на Месечината, и единствен кој два пати заминувал на Месечината.

Човекот беше капетан на американскта воена морнарица, инженер по електротехника, аеронаутика и астронаут на НАСА.

Во вселената летал три пати: како пилот на мисијата Џемини 9А во јуни 1966 година, како пилот на Аполо 10 во мај 1969 година и како командант на мисијата Аполо 17 во декември 1972 година – последното слетување на Месечината во рамките на проектот Аполо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1