Оливија Њутн Џон по борбата со ракот: Болеста ме научи на сочувство!


Пред повеќе од две децении Оливија Њутн Џон имаше рак на градите. Помина низ мастектомија и хемотерапија. Денеска вели дека е благодарна за искуството кое ја научило да има сочувство за сите луѓе со проблеми.TRAVOLTA I OLIVIJA

Благодарна сум за искуството бидејќи без него немаше да направам многу работи кои ги направив во животот. Ме научи на сочувство со луѓето кои поминуваат низ тешки периоди во животот – изјави Оливија Њутн Џон во интервју за „Radio Times“.

– Кога ми кажаа дека треба да направам мастектомија, се сеќавам дека бев преплашена. Бев уверена дека ракот се проширил со огромна брзина по секој дел од моето тело. Неколку недели мојот свет беше свртен наопаку, но потоа се прибрав и почнав да се борам ментално. Длабоко во мене секогаш имаше глас на надеж кој ми велеше – ќе помине и ова, ќе бидеш добра. Тој мал глас ми помогна да издржам.

По оваа тешка епизода од нејзиниот живот, Оливија Њутн Џон се посвети на подигање на севсноста за ракот на дојка. Основа Центар за борба со ракот во нејзиниот роден град Мелбурн.

Уверена е дека позитивниот став и помогнал да се врати во живот!

– Болеста ме принуди длабоко да размислувам за себе за прв пат, што е искуство кое го ценам. Научив да не чувствувам вина за мојата успешна музичка кариера. Сфатив дека сите ние мора да јадеме здраво, да вежбаме и да бидеме среќни. И денеска јадам здраво, колку можам органска храна. Бев вегетаријанец, а сега јадам и пилешко и риба. Верувам дека треба да си правиме задоволства, па пијам по една чаша вино и сакам чоколадо. Играм тенис три пати неделно и пешачам секој ден.

Следната година е 40 годишнина од прикажувањето на филмот „Grease“ кој ја напрваи Оливија Њутн Џон славна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1