Вчера попладне, околу 17.30 часот 18-годишна тетовка пријавила дека на улицата Крсте Асенов, поточно во влез од зграда непознато лице и пришло од зад грб, ја турнало и со тупаница ја удрило во пределот на лицето.
По ова, тој и го украл мобилниот телефон и побегнал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.