Легендата на забавната музика Мики Јевремовиќ (76) е погребан денеска во Алеата на заслужните граѓаните на Новите гробишта во Белград.
На вечното почивалиште го испратија семејството, пријателите и колегите.
Ќерката Јелена најтешко ги поднесе овие моменти.
На погребот присустуваше и Ивица Дачиќ.
Мики на вечното почивалиште е испратен со звуците на тамбурашите.
Неговите најблиски ја избраа песната со која обично ги затвораше концертите, култната „А сад адио“.
Пред погребот беше одржана комеморација во Домот на синдикатите, каде пријателите со многу трогателни зборови се простија од него.