CNN со сторијата за хипотетичкото убиство на Трамп на инаугурацијата


Телевизиската компанија CNN покажа до најниска мера лош вкус, дозволувајќи им на нејзините водители во живо да зборуваат за последици од смртта на избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во хипотетички атентат во Вашингтон, на денот на инаугурацијата, во петокот 20-ти јануари, коментираше радиото WDBO во четвртокот, чиешто седиште е во Орландо, во сојузната држава Флорида, кое се придружи на низата главно интернет ресурси.tramp555

Во средата многу медиуми реагираа на прилогот на CNN во кој репортерот водител Волф Блицер отвори дискусија на темата „Што ако новиот претседател и неговиот заменик бидат отстранети уште првиот ден (од преземањето на должност?“.

Во продолжение Блитцер и водителот Брајан Тод направија листа од веројатни кандидати за привремено пополнување на должноста, меѓу кои сегашниот државен секретар Џон /кери, претседателот на Претставничкиот дом Пол Рајан, па дури и заменикот државен секретар за политички прашања, Томас Шенон.

Како што истакнува во четвртокот WDBO, главниот заклучок од дискусијата на CNN се состои во тоа дека при развој на најлошото сценарио власта во САД ќе остане привремено или индиректно во рацете на администрацијата на претседателот на заминување Барак Обама.

„Во моментите се зборува за жестоки протести на денот на инаугурацијата во Вашингтон и за закани за физичко насилство врз Трамп. Имајќи ја предвид ваквата ситуацијата, со што се занимава CNN – со неодговорно новинарство, или таквиот материјал укажува на лошиот вкус…“, реторички праша во коментарот радиото.

Исто така, во прилогот не се отфрла можноста за своевидна одмазда на CNN на Трамп кој јавно ја понижи телевизијата, откажувајќи на нејзините новинари да му задаваат прашања на неговата прва голема прес-конференција како избран претседател. Републиканецот со тоа реагираше на прилогот на CNN за наводните компромитирачки материјали за него што ги собирало руското разузнавање.

Инаугурацијата на 45-то претседател на САД се одржува три дена, од четвртокот до саботата. Главната церемонија ќе се одржи во петокот, традиционално на 20-ти јануари пред Конгресот, а според најавите ќе биде покуса и подиректна од онаа на претходниците. Во обезбедувањето се ангажирани се мобилизирани 3.000 полицајци и 5.000 војници на Националната гарда на САД. Според весникот The Washington Post, трошоците за настаните во чест на инаугурацијата може да се движат меѓу 175 до 200 милиони долари

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1