МНР бара корекција на именувањето на Република Македонија од Србија


Министерството за надворешни работи на Република Македонија (МНР) по дипломатски пат побара итна корекција на именувањето на Република Македонија од страна на државните органи во Република Србија.zastava-makedonija-srbijazastava-makedonija-srbija_500x200

Реакцијата следи по појавата на именување на Република Македонија со референцата и кратенката од референцата на патарините во Република Србија.

– Користењето на референцата и кратенката од референцата наместо уставното име на Република Македонија е во спротивност со воспоставените дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Србија. Оваа недоследност треба веднаш да биде корегирана. Веруваме дека ваквата провокација која ги навредува чувствата на македонските граѓани не е одраз на добрососедство. Несоодветно и срамно е да се именуваме на навредлив начин помеѓу соседи, истакнуваат од МНР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1