Фондацијата на Џорџ Сорос во Р. Македонија не е граѓанска организација, велат од здружението Стоп Операција Сорос.
Иницијативата „Стоп операција Сорос“ бара од Фондацијата Институт отворено општество Македонија да им објасни на граѓаните што точно подразбира нивната идеја за отворено општество и кои се промените што сакаат да ги реализираат во Македонија.
Тој напомена дека Џорџ Сорос неодамна најави оти ќе издвои 500 милиони долари од неговото богатство за да промовира отворање на границите што, како што рече, ќе има директни последици по Република Македонија. Од нив, додаде, милиони се определени за Републка Македонија и од нив се исплаќаат некои од највисоките плати во земјава.
-Јавноста има право да знае дека од овие милиони кои што се издвојуваат за Р. Македонија се делат некои од највисоките плати. Меѓу нив е директорката на фондацијата Сорос во Македонија Фани Каранфиловска- Пановска која зема месечна плата од 3400 евра , односно 40.000 евра годишно што е 10 пати повеќе од просечната плата во Р. Македонија . Директорката на фондацијата Сорос која што во Македонија помагаше и финансираше насилни протести за уривање на уставниот поредок и дестабилизација на државата има двојно поголема плата од претседателот и премиерот на државата, рече еден од основачите на здружението Стоп Операција Сорос, Цветин Чилиманов.
Тој посочи дека тоа не е единствената рекордна плата која се дели од фондацијата Сорос . Од Џорџ Сорос влече плата и Споменка Лазаревска, сопруга на Ѓорѓи Лазаревски, еден од првоосомничените во Пуч.
-Се работи за поранешен офицер на УБК кој што е еден од првообвинетите во случајот Пуч, близок соработник на Зоран Верушевски кој што беше обвинет заедно со него дека регрутирал активни офицери во УБК, да ги злоупотребуваат системите на службите за прислушување, да вршат нелегално следење на телефонските разговори и потоа во соработка со Заев кој беше обвинет во Пуч и да ги уценуваат овие лица за свои цели. Пред неколку дена Катица Јанева уште една добитничка на рекордно висока плата во Р. Македонија ги помилува осомничените во случајот вклучително и Лазаревски, истакна Чилиманов.
Од „Стоп Операција Сорос“ велат дека се отвораат низа на прашања за кои треба јавноста да добие одговор.
-Прашуваат дали вистинската причина што Споменка Лазаревска со години добивала астрономски висока плата од Фондацијата Сорос е дека всушност на овој начин се финансирале предавството на нејзиниот сопруг. Дали на овој начин се финансирала неговата злоупотреба на безбедносната положба во УБК. Дали со овие пари исплаќани на Лазаревски всушност биле исплаќани за нивната злосторничка соработка со Зоран Верушевски за уривање на безбедносниот и политичкиот систем во Р. Македонија. Дали со тие рекордни високи плати фондацијата Сорос регрутирала шпиони во Македонија кои ја поткопаа нашата безбедност, прашуваат од „Стоп операција Сорос“.