Трамп ѝ вети на CIA целосна поддршка


Американскиот претседател Доналд Трамп се чини, ги надминал несогласувањата во Централната разузнавачка агенција (CIA), откривајќи им на нејзините припадници дека им го чувал грбот откако ја критикуваше разузнавачката агенција поради истрагата за наводното руско хакирање.tramp-cia-696x392

Во својата прва службена посета на CIA во својство на претседател, Доналд Трамп сакал да остави недвосмислен впечаток дека ја поддржува нејзината работа, иако неодамна остро ги критикуваше разузнавачки служби во САД опишувајќи ги нивните активностите и протекувањата на информациите за наводното собирање на компромитирачки материјали за него од руското разузнавање како однесувањето на нацистичка Германија.

„Многу малку луѓе би можеле да ја работат работата којашто вие ја вршите, и сакам да знаете стојам зад вас“, изјавил Трамп во седиштето на агенцијата во Ленгли, што било проследено со аплаузи и извици на одобрување.

Некои од аналитичарите пред неговиот говор тврдеа дека на Трамп ќе му биде потребна повеќе од една посета да ги поправи односите со разузнавачката заедница која остро ја напаѓаше пред својата инаугурација.

Трамп жестоко ги критикуваше извештаите на разузнавачките челници именувани од неговиот претходни Барак Обама, дека наводно рускиот претседател Владимир Путин наредил хакирање на Демократската партија за да му помогне да влезе во Белата куќа. Следеа недокажаните тврдења и дека Москва поседува компромитирачки информации за Трамп, по што уште еднаш ги обвини американските разузнавачки агенции за користење нацистички методи.

Во текот на својот говор во CIA,Трамп не ја споменал Русија, и истакнал дека кавгата со разузнавачката заедница ја создале медиумите, а новинарите ги нарекол „најнеискрените човечки битија на Земјата“, пренесува Reuters.

Заклучил дека борбата против џихадистичката Исламска држава треба да биде приоритет на оваа агенција, како и дека „радикалниот исламски тероризам“ дека треба да биде збришен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1