Планирала да ја разнесе Белата куќа: Мадона под истрага заради заканите кон Трамп


Тајната служба најави истрага поради зборовите кои Мадона ги изговори на „Женскиот марш“ во Вашингтон.

Таа изјави дека планриала да ја крене во воздух Белата куќа.FRANCE-US-MUSIC-MADONNA-FILES

Кралицата на попот предизвика контроверзи со својот говор пред половина милион собрани граѓани во знак на поддршка на правата на жените кои се загрозени со промените кои ги најави новиот претседател на САД.

-Бесна сум и размислував многу за тоа да ја кренам во воздух Белата куќа. Но незнам дали тоа нешто ќе промени, рече Мадона.

Портпаролот на тајната служба рече дека се свесни за зборовите на Мадони и дека ќе покренат истрада, но дека конечната одлука за тоа дали ќе поднесат пријава против пејачката донесува државниот обвинител.

Бурни реакции предизвика и актерката Ешли Џад која Трамп го спореди со Хитлер, „кој наместо мустаќи сега носи перика“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1