Кој види – види , кој не види ќе си плати поголема сметка!!! Проверете си ги сметките од Декември и Јануари доколку ги користите услугите на ВИП, бидејќи на наши читатели им наплаќале смс пораки дупло. Имено во редакцијата на MK News се јави читател кои последната сметка му била поголема од вообичаеното.
,,Не го користам телефонот толку многу и сметките секој месец ми се речиси исти, но декемвриската ми беше поголема. Си реков дај да проверам можеби сум вртел повеќе. Преку интернет влегов во својот налог и видов дека имам наплатено смс пораки вкупно 54, и веднаш се јавив во ВИП,,
Прашал зошто му е сметката толку голема и зголемена за 54 смс пораки, откако почекал на линија да влезат во неговиот налог му кажале ,, да господине имате 54 смс пораки,, Читателот тогаш ги прашал дали има 54 пораки севкупно или има 54 пораки над дозволениот лимит од 50 бесплатни пораки вклучени во претплатата, на што вработената се збунила.
Проверила каква претплата има клиентот и видела дека тој во претплатата има вклучено 50 смс пораки бесплатно.
,,Ја прашав зошто тогаш сте ми наплатиле дополнително 54 пораки, и да сум имал 54 што не сум, сепак значи требало на сметката да имам само 4 смс пораки дополнително наплатени а не 54, вака дупло миги наплаќате пораките кои веќе ги плаќам со претплатата,, рекол читателот.
Поднел приговор и добил повратно дека е напрвена грешка и сметката ќе му биде ревидирана, односно намалена за овие смс пораки. Што и се случило, но читателот прашува:
,,Што ако не забележав, има многу луѓе кои не ги проверуваат детално сметките посебно не ако се малку над вообичаеното. Тогаш ќе платев дополнително за нешто што не сум го надминал. Колку корисници има ВИП? Ако од секого земат по малку колку пари екстра ќе се слеат кај нив? прашува читателот
Затоа проверете си ги сметките во Декември и Јануари да не плаќате повеќе !!!!