Познатата пејачка на 44 години стана мајка и изјави дека таа и нејзиниот сопруг се пресреќни за приновата.
Поранешната членка на групата „Spice girls“, Гери Хорнер неодамна се породи и веднаш преку социјалните мрежи сподели фотографија од своето бебе на кое му даде специјално име во чест на неодамна починатиот пејач Џорџ Мајкл.
-Монтаж Џорџ Хектор Хорнер пристигна ова утро, преубав брат на Бубел и Оливија, напиша среќната мајка.