Италијанската полиција уапсила албански државјанин, за кого се сомнева дека планирал терористики напад во Рим.
Според полицијата, Едмонд Ахметај (38) преку социјалните мрежи вршел пропаганда во полза на џихадистите и имал контакти со групи свои сонародници, како и со имам од Лондон, каде ги величи терористичките исламистички групи.
Тој постирал и написи за Исламска држава за време на нападите во Париз, а искажувал и силна поддршка за убиствата и нападите кои биле извршувани.
Италијанската полиција се сомнева дека планирал терористики напад во Рим, бидејќи откриле видео-снимка, што го потврдува сомневањето.
Ахметај, со години живеел во провинцијата Бари, заедно со сопругата и братот, а во мај 2016 година добил и италијанско државјанство.