ТРАГЕДИЈА: Застанале да помогнат, па настрадале – Александар планирал свадба


Александар Чуп (29) и Веселин Вучетиќ загинале вчера во два верижни судири на Новиот новосадски пат на излезот од Белград, и тоа бидејќи застанале да помогнат на повредените во несреќата.soobrakajka-belgrad

На Александар налетало возило и го усмртило на лице место, а за трагедијата да биде поголема, неговите блиски велат дека бил добро и скромно момче и дека планирал наскоро да прави свадба.

Семејството на настраданото момче е во шок и не верува во она што се случило. Оние кои го познаваат велат дека имал големо срце, секогаш помагал секому.

– Ја видов трагедијата на утрински вести, го видов комбето и знам дека тој работеше за таа фирма. Си реков Боже, само да не е тој. Навистина трагедија. Планираше свадба. Ова е страшно, семејството е скршено, вели сосед.

Мајката на Александар само одмавнува со главата, не јаде и пие и постојано плаче. Семејството одбива да верува дека загинатиот е нивниот син.

Веселин Вучетиќ (55) од Врбас настрадал кај Батајница, додека излегувал од автомобилот исто така сакајќи да помогне на повредени во верижен судар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1