НК за КР Берово поднесе кривична пријава против Д.Б. (51) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
Во вторникот, на 24 јануари, пријавената преку телефонски пораки се заканувала на претпоставени во училиштето каде што учи нејзиниот внук.
Пријавената го сторила делото поради тоа што од страна на одделенскиот и наставничкиот совет во училиштето била донесена одлука нејзиниот внук да биде преместен од едно во друго одделение.