Нови големи промени на Фејсбук- повеќе нема да биде ист


Фејсбук подготвува големи промени, а освен што додаваат приказни по примерот на Снепчет и Инстаграм, претставуваат и нов начин на борбата против лажните вести.facebook-ap

Во таа борба најпопуларната социјална мрежа сака на своите корисници на News Feed да им осигура повеќе „исти“ вести од различни извори, а тоа го прават со надоградба на опцијата „trending“ која битно го менува алгоритмот.

Имено, досега на врвот се прикажуваа вести кои корисниците најмногу ги споделувале, а наместо тоа сега прво ќе се прикажуваат темите кои ги обработиле неколку различни издавачи. Цукерберг на тој начин својата социјална мрежа сака да ја направи поверодостоен извор на информации, пишува хрватски „Индекс“.

–Сакаме на корисниците да им ги приближиме темите кои ги рефлектираат настаните од реалниот свет, кои ги обработиле повеќе извори – рекол еден од менаџерите Вил Кеткарт.

Фејсбук, која денес брои неверојатни 1,8 милијарди корисници, „trending“ го претстави во 2014 година како одговор на сè популарната опција на Твитер.

Како новите промени ќе се одразат на корисниците, многу брзо ќе покаже времето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1