Иванов мандатот повторно ќе му го додели на ВМРО-ДПМНЕ?


СДСМ не може да го добие мандатот за формирање на нова Влада доколку претходно не обезбеди мнозинство во Собранието. Согласно Уставот, поточно членот 90 во него, Претседателот Иванов е должен мандатот да му го даде на оној кој има мнозинство во Собранието.ivanov2-1

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да формира мнозинство за формирање на Влада, експертите велат дека сега мандатот повторно ќе го добие ВМРО-ДПМНЕ, но најверојатно мандатарот ќе биде друг.

Постои опција и да се формира парламентарно мнозинство кое треба да го побара мандатот од Иванов.

-Сите толкувања и субјективни видувања кои изминатите недели ги слушаме по медиумите како треба да постапи претседателот Иванов во случај Никола Груевски да не успее да состави Влада, и дека наводно мандатот треба да се даде на второпласираната партија согласно практиката од 1992 година, треба да се гледаат како лични видувања на поединци, кои се спротивни на тоа што пишува во уставната норма. Секое друго толкување, растегнување на уставната норма согласно одредени политички интереси би било спротивно на Уставот, односно повторување на противуставната пракса што се случи во 1992 година кога тогашниот претседател Киро Глигоров му го додели мандатот на Бранко Црвенковски односно на второпласираната партија во Собранието. Во случај ако ни се повтори противуставноста од 1992 година, тогаш ќе мора да се активира Уставниот суд на РМ со обврска да ја поништи противуставната одлука за давање мандат на некоја друга партија, односно да ја поништи постапката за избор на влада која би се засновала на противуставна одлука за назначување на мандатар, смета универзитетската професорката Тања Каракамишева Јовановска.ustav

Споредбите со уставните постапки во другите земји не можат да се применат во нашиот случај, смета Каракамишева, бидејќи како што вели, во македонскиот Устав не е разработено што доколку првиот мандатар не успее да состави Влада.

-Секое споредување на нашиот случај со тоа какви се уставните постапки во другите земји не може да се смета за релевантна околност која треба да се примени во нашиот случај, бидејќи да напоменам дека уставите на Хрватска, Словенија, Бугарија, Косово, Естонија, Латвија итн се многу прецизни и во детали ја разработуваат постапката што ако првиот мандатар не успее да состави Влада и како натаму. Во нашиот Устав, за жал, нема доразработено што натаму, значи многу работи не се уставно уредени поради што има простор за разно-разни шпекулации и субјективни размислувања што во таков случај и како натаму. Со оглед дека Уставот не смее да се толкува, туку треба да се применува напишаното, во случај ако мандатарот не успее да состави влада, согласно член 90 од Уставот, и натаму мандатарот треба да доаѓа од партијата што има мнозинство пратеници во Собранието, односно од ВМРО-ДПМНЕ , додава универзитетската професорка.

Дел од познавачите на политичките прилики не ја отфрлаат можноста дека по неуспехот на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да се договорат и да формираат нов владин состав, напролет или наесен да се организираат нови парламентарни избори во земјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1