Собранието го информирало Иванов дека Груевски не составил влада


Генералниот секретар на Собранието попладнево испратил допис до Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов во кој информира дека до Парламентот до синоќа на полноќ, кога истече рокот, не е доставена програма и предлог за составување нова влада од страна на мандатарот Никола Груевски, соопштија за МИА од собраниската прес-служба.glasanje izbori sobranie

Од Кабинетот на претседателот претходно информираа дека по добивање официјално известување од страна на Собранието на Република Македонија, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии.

– Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада, наведоа од кабинетот на Претседателот на РМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1