Кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ е поднесена против 24 годишната скопјанка Д.И.
-Пријавената на 05.09.2016 година во периодот од 10.00 до 10.45 часот во својот дом без надзор и грижа ја оставила својата петгодишна ќерка. Откако излегла пријавената девојчето станало од креветот и отишло на терасата каде што поставило столче до оградата и се поткачило за да види дали ќе помине нејзината мајка. Кога се поткачила на столчето изгубила рамнотежа, се превртела и паднала од седмиот кат на земјена подлога веднаш до зградата, при што се здобила со тешки телесни повреди, информираат од полицијата.