На самиот почеток од годината настана вистински хаос, кога Јелена Карлеуша на својствен начин искоментира фотографија на Цеца Ражнатовиќ и Александра Пријовиќ.
Споменатата фотографија која е направена на Копаоник, Александра ја објавила својот Инстаграм, но по коментарот на јелена ја избришала. Веднаш почнаа да се шират шпекулации за причината за која увездата на гранд го направила тоа, а Александра на секое такво прашање одговарала дека ги поштува сите колешки, и дека на таа тема не сака ништо повеќе да коментира.
Меѓутоа, со желба да дознаат српските медиуми што навистина се случило повторно ја прашале која е причината за тоа да го направи, таа одлучила конечно да проговори и да ја објасни вистинската причина.
– Јас навистина ги почитувам сите колешки, тоа веќе го кажав, и иако мислев за тоа повеќе да не зборувам можеби треба да кажам што навистина се случи. Против Јелена навистина немам ништо и тоа што ја отстранив фотографијата со нејиниот коментар нема никаква врска со неа. Тоа има врска со останатите коментари кои ги имаше повеќе од илјада, почна Алаексндра, а потоа објаснила какви коментари читала.
-Јас навистина не можам да објаснам какви се пораки беа, какви коментари. луѓето пишуваа ужасни закани! Се закануваа со смрт на Анастасија и Вељко, како треба незнам што… Ете, поради тоа ја отстранив и повторно ја објавив. Тоа е, сепак, мој профил и сметам дека на него можам да правам што сакам, а ова беше најлогичниот и најнормалниот потег која можев да ја направам. Затоа, тоа што луѓето го пишуваа таму навистина беше страшно, додала Александра за српски Телеграф.