ЗАМП ја тргна забраната за емитување авторска музика


„Ве известуваме дека со Одлука на Собранието на ЗАМП … се става вон сила забраната за јавно емитување авторски музички дела од репертоарот на ЗАМП, што со Одлука на Собранието на ЗАМП беше донесена на 17.09.2016 година.Current-Music

Со оглед на тоа што истекоа сите законски рокови да почне со работа новоформираното здружение СОКОМ МАП, надминати се сите опасности кои се закануваа да го обезвреднат авторскиот труд, авторските права и музичките дела на авторите од земјава, ЗАМП ги известува трговските радиодифузни друштва дека од 03.02.2017 година можат да продолжат со јавно емитување на музички дела од репертоарот на ЗАМП“, стои во одлуката.

Од Здружението за заштита на авторските музички права им се заблагодарија на трговските радиодифузни друштва кои докрај ја испочитуваа забраната, како и на здруженијата од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои застанаа на страната на ЗАМП и забранија емитување на авторски музички дела од нивниот репертоар во земјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1