Скопската полиција поднесе кривична пријава против С.Е. (18) и А.И. (26), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.
На 12 јануари околу 16.45 часот откако забележале дека нема продавач во близина во продавница во еден трговски центар во Скопје, првопријавениот зел еден дуксер и една блуза и со клешти кои ги носел со себе почнал да ги крши пластичните аларми од дуксерот и блузата со цел да му ги даде на второпријавениот да ги облече и да излезе од продавницата.
Истите биле забележани од вработената која се обидела да го фати и задржи првопријавениот, меѓутоа тој физички ја нападнал и избегал. Истиот турнал и друго лице кое се обидело да го задржи и успеал повторно да побегне.
Второпријавениот бил задржан во продавницата се до доаѓање на полицијата.