Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Т.Т. (34) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на странска држава“.
Како што соопшти МВР, пријавениот во периодот од 14 до 16 април 2016 година од својот фејсбук профил во повеќе наврати на официјалната страна на Фејсбук профилот на Амбасадата на САД во Република Македонија објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Република Македонија и кон неговото семејство со што јавно го изложил на подбив.