Груевски-Тимоние: Во Македонија има партии кои чекаат мислење од некој надворешен фактор


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски придружуван од членовите на ИК, Никола Попоски и Никола Тодоров, на средбата со амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние, истакнаа дека партијата имала обид во рок од 20 дена да формира Влада, иако од самиот почеток ни беше јасно дека со така тесното мнозинство формирањето на Влада во Македонија ќе биде сериозен предизвик. Сепак и покрај се влеговме со добра волја и оптимизам, било истакнато на средбата.gruevski-5-640x366

Но, за жал кај ДУИ, објаснуваат во партиското соопштение, било истакнато дека се појавија некои прашања кои ги одвратија да прават коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од разговорите со нив, а и од информациите кои ги добивме, доминираат најмалку две покрупни прашања. Првото е поврзано со корпусот на национални прашања, каде што влегува новата платформа која ја предложија и бараните измени на законот за употреба на јазиците. Второто е поврзано со нивните предизвици поврзани со наредните локални избори.

Покрај ова, од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека во нашата држава има повеќе партии кои имаат специфика прилично несвојствена за други држави во светот, а тоа е да бараат и да чекаат мислење од некој надворешен фактор за работи за кој вообичаено во земјите насекаде во светот не се очекува мислење за такви работи од надворешни фактори, или дури и не може да се замисли некој друг да се вмешува во носењето на одредени одлуки на партиите.

ВМРО-ДПМНЕ многу ја почитува меѓународната заедница, секогаш со полна сериозност приоѓа кон анализа на ставовите и пораките што се испраќаат од нејзе, и ги земаме во предвид при носењето на одлуките, но и разграничуваме каде треба да се даде поголем тежински фактор на тие мислења, а каде и во кои случаи треба да се даде помал тежински фактор при носењето на одлуката. Тоа го правиме во склад со праксата која ја имаат и другите политички партии во Европа и низ демократскиот свет, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ, при што беше истакнато дека сепак секој си одлучува за својот начин за работење и секој сам има право да одлучи како ќе носи одлуки и како ќе одлучува во иднина..

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1