Антон Пилипа исчезнал без трага во 2012 година од неговиот дом во Ванкувер, Канада. Пронајден е како талка босоног во џунглите на Амазон…
Пронајден е дури пред неколку дена и тоа на друг континент.
Овој човек кој денес има 39 години, бил во тешка психичка и физичка состојба кога полицијата го пронашла како бесцелно лута по еден автопат во Бразил. Во себе немал никакви документи, но успеал на англиски да им каже дека е од Канада.
Неговиот брат Стефан, смета дека Антон најверојатно одел пеш и стопирал низ САД, а потоа и низ Јужна Америка.
– Јас бев шокиран. Со години се прашував каде е, што се случи со него. Неверојатно и извонредно е што е жив и што успеал да отиде толку далеку – вели Стефан.
Антон поминал преку 10 држави – од Канада преку САД, Мексико, Гватемала, Коста Рика, Панама, Колумбија, Венецуела, Аргентина и Бразил – без пасош, без пари, без ништо.