На Градскиот плоштад во Штип, синоќа во 23 часот, по претходно договорена средба, А.А.(23) од Турција, студент со привремен престој во Штип, и неговата 20 годишна девојка од Скопје, студентка со привремен престој во Штип, заедно заминале во неговиот дом.
Кога влегле, тој веднаш ја заклучил вратата од собата, го сокрил клучот и почнал да ја навредува, да и се заканува и да ја тепа. Сепак, девојката успеала да и напише СМС порака на нејзината другарка каде се наоѓа, по што таа повикала полиција.
Полицајците ја затекнале девојката во собата на турскиот студент и ја однеле во болница каде и биле констатирани телесни повреди, а тој е приведен.