Го претепал оти танцувал со девојка му


Во студио за модерен танц во Скопје, синоќа додека траел часот дошол Б.Р. од село Батинци, насилно ја отворил влезната врата и се упатил кон Н.В. (23) од Скопје, кој во тој момент посетувал час, и физички го нападнал. Откако присутните успеале да ги раздвојат, Б.Р. излегол надвор и повикал уште две лица по што сите заедно влегле во објектот, насилно го изнеле Н.В. надвор и започнале да го удираат со тупаници и клоци во пределот на телото.gradska-8-setemvri-policija-nokj

По нападот, напаѓачите со возило побегнале, а тепаниот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Скопје каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Како причина за нападот се претпоставува дека е тоа што за време на часот по танц Н.В. вежбал со 19-годишна девојка која е во љубовна врска со Б.Р.

Во 01 часот по полноќ и Б.Р. заминал во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, каде му биле констатирани телесни повреди и е задржан на лекување, по што ќе биде лишен од слобода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1