Тајно писмо откриено во вазната за цвеќиња на гробот на водачот на Тигрите. Гробот на Жељко Ражњатовиќ Аркан не го посетуваат само неговата сопруга и децата, туку и жена во средни години, екслузивно дознава српски Курир.
Луѓето кои работат на новите гробишта рекле дека непозната госпоѓа дошла пред неколку дена и оставила цвеќе во вазната. После тоа сознание работниците отишле да го исчистат гробот на Аркан и покрај цвеќето наше и писмо во проѕирна фасцикла.
Еве што пишувало на него:
– Драги мој, ти пишувам сега бидејќи знам дека ти помина годишнината, дека беа тука сите, но не и јас. Јас дојдов тивко, како што ти доаѓаше кај мене. Те сакав повеќе од животот и ќе те сакам засекогаш, бидејќи ти беше мојот херој. Знам дека неправедно замина од овој свет. Знам дека ова е лудо што го правам и знам дека Цеца многу те сакаше како и ти неа, и знам дека таа животот ќе го дадеше за тебе, стои во писмото од мистериозната жена.
– Ова е прв и последен пат да доаѓам на твојот гроб и затоа ти го оставам ова писмо и еден дел од мене да биде покрај тебе. Дождливо е и ладно, а така е со години во моето срце. Тигару мој, почивај во мир, засекогаш твојата пријателка која те чува во срцето, напишала жената со иницијал Н.