Десетгодишно дете било нападнато и ограбено синоќа на ул. „50-та Дивизија“ во Скопје.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, А.П (44) од Скопје во Полициската станица Центар пријавил дека вчера попладне околу 17 часот на ул.„50- та Девизија“ спроти маркетот засега непознато лице го нападнало неговиот 10-годишен син и му одзел спортско ташниче во кое имало мобилен телефон и клуч од станот.
Разбојникот се доближил до детето, го фатил за врат, го турнал на земја и му го одзел ташничето, по што заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информира МВР во редовниот Билтен.