Бомба деактивирана вчера во близина на аеродоромот на Франкфурт


Неексплодирана бомба од Втората светска војна, откриена во близина на аеродромот во Франкфурт, вчера беше успешно деактивирана, соопшти германската полиција.GERMANIJA POLICIJA

Бомбата со тежина од 250 килограми беше откриена вчера околу пладне во областа во близина на градот Келстербах, на само неколку стотини метри од најпрометниот германски аеродором, јави ДПА.

Пред да биде деактивирана бомбата, германските власти ја блокирале блиската магистрала и железничката линија.

Неексплодирани бомби од времето на бомбардирањето на врз Германија за време на Втората светска војна се уште се наоѓаат често.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1