Државјанин на Србија бил пронајден мртов вчера во камион со српски регистарски ознаки на „Качанички пат“ во Скопје, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот Н.Ј. (37) е дадено на обдукција, а камионот МАН е запечатен за понатамошна постапка.