Американците го имаат мрмотот Фил, Србите мечката Гоца како временски прогнозер.
Ако се суди според вториот случај, Србија и регионот ќе го почекаат крајот на зимата.
Мечката Гоца од зоолошката градина во Белград, мрзоволно се извлече од својата пештера и остана да лежи без да се прошета во потрага по храна, што според верувањата, значи дека пролетта нема да подрани, а зимата би потрајала уште шест недели.
Белграѓани секоја година со внимание го следат однесувањето на Гоца, точно 40 дена по Божик кога и најчесто завршува зимскиот сон на мечките во дивината.
Тогаш тие излегуваат и тргнуваат во лов, со што симболично го најавуваат крајот на зимата.