Внимавајте: Го запознала преку Фејсбук, ја нападнал и силувал на тврдината „Исар“ во Штип


М.М. (42) од Штип, заедно со неговата тринаесетгодишна ќерка, вчера во 12 часот во Полициската станица Штип, пријавиле кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, извршено од лицето А.М. (23) од Радовиш.isarot stip

На 15 фервуари 2017 година околу 11 часот во Штип, на ул.„Сутјеска“, малолетничката се сретнала со А.М., со кој претходно се запознала преку социјалната мрежа „фејсбук“.

Кога се сретнале пријавениот и рекол да влезе во неговото патничко возило „мерцедес“, но таа одбила. Потоа тој физички ја нападнал удирајќи ја со рака во лицето, по што оштетената исплашена влегла во возилото.

По ова се упатиле на тврдината „Исар“ каде што А.М. го извршил половото дејствие. По пријавување на настанот А.М. е задржан во СВР Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1