Денеска е Св. маченица Агатија.
Агатија потекнуваше од градот Палермо, на островот Сицилија, од видни и богати родители. За време на цар Декиј (249-251) почнал страшен прогон на христијаните. Штом веста за тоа стигнала до Сицилија, Агатија почнала да се подготвува за мачеништво. Управникот на областа Квинтијан испратил војници, кои ја спровеле Агатија до градот Катанија. Таму ја сместил кај една распусна жена со намера оваа да повлијае на света Агатија. Кога тој обид пропаднал попусто, Агатија била изведена на суд, затворена и мачена. Во затворот го предала духот на Бога. Месните христијани го зеле и го погребале нејзиното тело, а подоцна врз моштите била подигната црквичка.
Поради начинот на кој страдала таа се смета за заштитничка на сите жени. Се смета дека ги штити жените од сите болести и болка.
Денеска одете до црква, запалете свеќа и помолете и се. Таа ќе ви донесе мир и среќа.