Убиството на Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, било организирано од страна на Министерствата за државна безбедност и надворешни работи на Северна Кореја, покажаа податоците на разузнавачките служби на Јужна Кореја.
Осуммината осомничени за убиството на Ким Џонг-нам на аеродромот во Куала Лампур пред две недели, вклучуваат четворица вработени во Министерството за државна безбедност и двајца вработени во Министерството за надвореши работи со Северна Кореја, сопштија јужнокорејските претеници, повикувајќи се на информациите дадени од разузнавачките служби.