Дневните весници во соседна Србија, преполни со наслови и написи против идејата и волјата на лидерот на СДСМ Зоран Заев да ги прогласи Србите за геноциден народ. Според Заев, Србите извршиле наводен геноцид врз Албанците во Македонија во периодот од 1912-1956 година.
Ваквите егзибиционистички политики на Зоран Заев, кои се на пат да ги доведат односите меѓу Македонија и Србија до ниво на експлозија имаат единиствено за цел додворување на албанските партии преку исполнување на платформата од Тирана за влез со него во Влада.Доколку албанците во Македонија за себе си изградат „ореало на жртви“ тоа би можело да биде основ на нивното барање на самоопределување, вели историчарот Александар Животиќ. додека историчарот Предраг Марковиќ неведува дека албанците би биле единствени жртви на геноцид, чиј број на население неколкупати се умножил, пишува белградска„Политика“ во текстот под наслов : „ На Македонија и се заканува поделба по линија на Вардар “.
„Политика“ во поднаслов „Заев го бара мандатот, Иванов размислува“ повикувајќи се на разговор со директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, го цитираат Котевски кој вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот кој го кажа лидерот на партијата, Никола Груевски: „Ние остануваме на ставот дека не смее да се дозволи да се редефинира Македонија, со платформата која е усвоена во Тирана. Граѓаните не гласале ниту за двојазичност, ниту за промена на банкнотите, ни за федерализација или кантонизација. Затоа и му дадовме на Заев понуда да ја отфрли албанската платформа со што ќе ја добие нашата подршка. Меѓународната заедница сакаше идната Влада да обезбеди што поголема поддршка. На овој начин Заев ќе има 100 пратеника, само да го запре антидржавното сценарио.“
„Желбата за создавање на Голема Албанија не е тајна, како ни тоа дека албанските политичари во Македонија своето делување го насочуваат со цел остварување на таа цел. “ Пишува дневниот весник Блиц во анализата под наслов „ Каков геноцид, какви будалаштини тужбата против србите е плод на албанската фрустрација.“
Александар Попов, директор на Центарот за регионализам, за Блиц вели дека исполнувањето на сите услови кои албанските партии им ги дале на СДСМ значат опасен чекор за отцепување.
„Албанците имаат голем проблем со историјата, зошто во периодот на светските војни секогаш биле на губитничката страна. Во балкансите војни се држеа до Турција и изгубија и затоа се фрустрирани “, вели Душан Јанјиќ за Блиц, тој дополнува „ Ние мораме да имаме добри односи со Македонија, ако сакаме мир на Западен Балкан, без разлика дали им се допаѓа тоа на албанците или не “.
Дневниот весник „Вечерње новости“ под бомбастична најава „ Идната македонска влада попушта пред Албанците“ на насловна страна осамна со текстот „ Скопје на чекор Србите да ги обвини за геноцид ?! “.
Зоран Заев не само што ги влоши односите со Србија и ја стави Македонија во незгодна ситуација туку е и на пат да го запали бурето со барут, кое албанците му го наполнија. Што ќе се случи доколку го запали никој неможе да каже, едно е сигурно за никого нема да биде пријатно.