Пензионер со убодни рани пронајден мртов во Прилеп


Телото на пензионерот В.М. (1952) од Могила, на кое имало убодни рани, е пронајдено во куќа во Прилеп, каде живеел како потстанар.lenta policija telo

Портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова информира дека сопственикот на куќата се посомневал зошто неколку дена по ред неговиот потстанар В.М. не излегува од куќата и за тоа ја известил полициската станица во Прилеп.

– Во текот на вчерашниот ден, околу 11 часот, со асистенција на полицијата и во присуство на јавен обвинител е извршено отворање на вратата во собата каде бил сместен В.М., кој е пронајден мртов со убодни рани на телото, изјави Стаматова.

Наредено е да се изврши обдукција врз В.М., а полицијата врши и истрага за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1