44-годишниот Д.С. од Куманово го претепал десетгодишното синче.
Полицијата информира дека минатиот месец околу 18 часот и 30 минути на улицата „Народна Револуција“ во Куманово, започнал вербална расправија со неговиот десетгодишен син, по што физички го нападнал, нанесувајќи му телесна повреда во пределот на лицето.