Аналин Мекорд, позната по улогата на Наоми во новата верзија на „Беверли Хилс“ насловена „90210“, проговори за трауматично искуство што го доживеала кога имала 18 години.
Актерката раскажала дека била силувана од пријател додека спиела и дека поради тоа сакала да се убие.
– Не барав помош откако го доживеав тоа, се преправав дека ништо не се случило и продолжив со животот – изјавила 29-годишната Мекорд.
Аналин Мекорд раскажала дека во времето на немилиот настан, пријател спиел кај неа дома. Таа се разбудила сред ноќ и сфатила дека пријателот ја силува. Била парализирана од страв и не можела да направи ништо. Со години, вели, се обвинувала за она што ѝ се случило.
– Мислев дека сè ќе биде во ред, но со текот на времето станав депресивна и суицидална. Се сечев по рацете – се потсетила Мекорд.