Лесно успева во Македонија, а одлично се заработува од него


Ги има „на секој чекор“, многу лесно успеваат во Македонија, не треба многу грижа околу нив, има заинтересирани за откуп и можете одлично да заработите! Погодувате?sipka

Се работи за шипки! Оние кои се занимаваат со земјоделие велат дека шипинките се поисплатливи и од лешникот, бараат многу мало вложување, а носат одлични приноси. На површина од 5 ари, можете да очекувате приноси од 5.000 килограми шипинки. Откупната цена за овој плод е околу половина евро за килограм, а една сандница чини нешто помалку од 25 денари. Од една грмушка се очекува околу 4 килограми плод.

Дивата роза, шипката или шипинката е плод кој на мала површина може да даде одличен принос, а и солидна заработувачка. Не е комплицирана за одгледување ниту по прашање на квалитетот на земјиштето, а не бара ниту посебна нега и наводнување. Вложувањата се минимални, а првите значајни приноси може да ги очекувате по третата година.

SkopjeInfo.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1