Случајот во СВР Битола вчера утрината, околу 9:50 го пријавил сопругот.
-Во период од 9:35 до 9:40 сопругот излегол од зградата и отишол во гаражата претходно заклучувајќи ја влезната врата од станот однадвор. Кога се вратил влезната врата била отворена, по што И.Д. ја пронашол сопругата облеана во крв во горниот дел од телото, велат од МВР.
Жената во раката држела парче дрво, а другиот дел од дрвото бил до нејзината глава. Според кажувањето на сопругот, во станот била присутна и нивната 4 годишна ќерка.
Полицијата извршила увид и презема мерки за целосно расчистување на случајот.