Куќата во Квинс, Њујорк во која претседателот на САД Доналд Трамп го поминал детството е продадена на непознат купувач за 2,14 милиони долари, што претставува одлична цена за овој кварт.
Таа куќа, која таткото на претседателот на Америка, Фред во 1940 година ја изградил во богатиот дел на Квинс, била дом на Трамп во првите четири години од неговиот живот, а адресата на која се наоѓа е наведена во неговиот извод од матичната книга на родените, пренесува АФП.
Куќата на два ката во тудорски стил со црвена фасадна цигла е продадена за 54 проценти повисока цена од таа што беше продажбена цена во декември, кога еден инвеститор во недвижности ја платил 1,39 милиони долари.
Одговарајќи на прашање за таа куќа во емисија на американската телевизија Ен-Би-Си во септември, тогаш кандидатот за претседател Трамп кажа дека е тажен што куќата е ставена на продажба.
-Сакам да ја купам, кратко кажа тогаш тој.
Миша Хагани, директорот на агенцијата која ја организираше аукцијата, одби да го открие идентитетот на купувачот, но напомена дека тоа не значи дека тоа не е Трамп лично. Не сакаше да го открие ниту бројот на понуди кои пристигнале за куќата од 186 квадратни метри со пет спални соби и пет купатила.
Иако другите слични куќи во тој крај се проценети на околу 1,6 милиони долари, конечната цена на некогашниот дом на Трамп е пониска од што се надевала агенцијата која ја ставила на продажба. Имено, Хагани проценил дека славата на Трамп би можела вредноста на куќата да ја крене дури на повеќе од 3 милиони долари.
Претходните сопственици на куќата, сопственици на ресторан во Менехетенм прво имале намера да ја стават куќата на аукција во средината на октомври, но ја повлекле од пазарот кога се укажала шансата Трамп да победи на изборите во ноември, со што би се кренала цената.
Иако скромна во проценка со сегашната палата на Трамп на Петтата авенија, неговиот прв дом сепак е дел од американската претседателска историја, заклучува француската агенција.