Свадба од милион долари: Босанка се мажи за 34 години постар милионер


Тоа ќе биде раскошна свадба во Сиднеј, што ќе постави нови стандарди во луксузот и подароците, бележи „Дејли телеграф“ за венчавката на мултимилионерот и бизнисмен Невил Кричтон и неговата партнерка со потекло од Бих, Нади Хасандедиќ.
Невил има 71 година, а Нада 37 години.download (9)(44)

Венчавката што ќе се одржи на 13 мај, се очекува да биде една од најраскошните венчавки во Австралија оваа година.
Церемонијата ќе се одржи во големата сала на Универзитетот во Сиднеј, која има историска вредност. Наводно, идната невеста Нада била воодушевена од местото и нејзина желба било свадбата да се одржи токму таму.

За венчавката парот решил да вложи и 20.000 долари за реновирање на старите и доградба на нови тоалети на Универзитетот, затоа што ќе им биле потребни со оглед на тоа дека ќе имало многу гости на церемонијата.

Според процените, целата церемонија ќе чинела околу 1 милион долари.

Дел од вработените во Универзитетот и студентите биле воодушевени од идејата да се подобрат тоалетите, со оглед на тоа што не биле реновирани со децении. Тоа, посочил вработен во Универзитетот, е бонус за установата.

Инаку, Невил Кричтон и неговата партнерка Нада Хасандедиќ неодамна купиле вила во која ќе живеат, која чинела 33 милиони долари. Луксузниот дом се наоѓа во источно предградие на Мелбурн.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1