До 13 април пријавување за мерката – бесплатно патување за најдобрите студенти


Најдобрите студенти од првите три рангирани универзитети во Република Македонија, и годинава ќе имаат можност бесплатно да патуваат и престојуваат на атрактивна туристичка дестинација во Европа.aaa1

Јавниот повик за оваа намена е веќе објавен на интернет страницата на Министерството за образование и наука, www.mon.gov.mk и според условите, студентите кои сакаат да аплицираат е потребно да имаат просечен успех над 9,5, да се во завршна година од студирањето и последниот испит да го имаат положено заклучно со јануарската сесија, не подоцна од 15 февруари 2017 година и притоа, да не го подигнале уверението за завршено високо образование, односно да ја немаат одбрането дипломската работа.

За оваа можност која е дел од пакетот 40 проекти и мерки наменети за младите лица во земјата, најавен минатата година, на својот ФБ профил информираше заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Јавниот повик е активен до 13 април. На избраните кандидати во целост ќе им бидат покриени трошоците за сместување, исхрана, авионски превоз на една од трите понудени дестинации Париз, Барселона или Венеција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1