Ургентен: 19 повредени се полицајци – Села не е во животна опасност


Во Ургентниот центар лекарска помош побарале 28 повредени во синоќешните настани во Собранието, од кои шестмина се хоспитализирани, а другите по укажаната помош се пуштени на домашно лекување со даден совет за контролен преглед, изјави денеска директорот на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Реџеп Селмани.kliniki- brza pomos urgenten

Посочи дека од шестмината хоспитализирани, тројца се примени во Одделот за интензивно лекување од кои на двајца синоќа им била извршена хирушка интервенција.

– Од вкупниот број повредени 19 се припадници на МВР – рече Селмани.

– Примен е во Одделот за интензивно лекување КАРИЛ е и пратеникот Зијадин Села. Неговата здравствена состојба е стабилна и не е во животна опасност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1