Приведени се 8 лица за вчерашните настани во Собранието


За вчерашните насилни настани во Собранието, во кои беа повредени неколку пратеници, во полициска станица Гази Баба приведени се осум лица со кои сè уште се работи, информираше денеска на прес-конференција помошник-министерот за односи со јавноста и за стратешки прашања при МВР, Јордан Ламановски, кој додаде дека обезбеден е видеоматеријал за идентификација и за откривање на можни сторители.mvr limanovski2

Како што нагласи помошник-министерот, по наредба на министерот Нухиу формирани се тимови кои ќе работат на целосно расчистување на случајот, а вклучен е и одделот за внатрешна контрола за утврдување подетални работи и за барање одговорност во редовите на МВР.

– Имаме сумирана бројка на повредени 83 лица кои побарале медицинска помош и тоа 25 униформирани полициски службеници, кои беа работно ангажирани, 54 цивили, тројца пратеници и еден новинар. Тројца со потешки повреди се задржани на КАРИЛ, еден на неврохирургија и еден со полесни повреди на одделението на пластика. Во болницата „8 Септември“ беа хоспитализирани шест полицајци со полесни повреди и еден новинар, кои се пуштени дома – рече Ламановски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1