Почна судењето на американскиот актер Бил Козби поради сексуален напад. Доколку го прогласат за виновен, би можел до крајот на животот да биде во затвор.Судeњето почна во понеделникот во Нористаун, САД, со сведочење на првата наводна жртва. 79-годишниот творец и актер во серијата „Шоуто на Козби“, кој благодарение на неа стана светска ѕвезда во осумдесеттите години, мора да одговора на обвиненијата за сексуални напади на Андреа Констанд пред поротата од Питсбург.
Приближно 60 жени го прозваа последните години Вилијам Хенри Козби Јуниор за сексуални напади, засекогаш оцрнувајќи ја големата кариера подолга од 50 години.
Андреа Констанд тврди дека сексуално ја напаствувал Бил Козби откако ја дрогирал. Според него, станувало збор за доброволен однос, бидејќи актерот нагласува дека младата жена ниту во еден момент не искажала неодобрување.
Во отсуство на сведоци и материјални докази, се се сведува на сведочењето на таа 44-годишната Канаѓанка. Но, во понеделникот поротата го слушнала сведочењето на другата жртва, но нејзините обвиненија не се предмет на кривично гонење. Кели Џонсон раскажала како во 1996 година актерот инсистирал да испие таблета и вино и да се галат во бунгаловот во калифорниски хотел.
Главниот адвокат на Бил Козби Брајан МекМонагл настојувал да го дискредитира првото сведочење, обвинувајќи ја Кели Џонсон дека претерала во своето изложување на случката. Сведочењето се очекува наредните денови. Во едно интервју што го дал откако е обвинет, Козби рекол дека нема да сведочи.
Предвидено е дека судењето ќе трае две недели. Ако поротата актерот го прогласи за виновен по една или повеќе од вкупно три точки на обвинението, Козби би можел да биде осуден на минимум 10 години зад решетки. Тоа за 79-годишниот актер веројатно би значело дека животот би го завршил во затворот, објави Хина.